ОЈО: Супервештачењето, по наредба на Кривичен, наложи преквалификација што доведе до апсолутна застареност на обвинението против Латас
Откако Основниот кривичен суд – Скопје соопшти дека Обвинителството се повлекло од обвинението против Драган Павловиќ-Латас за даночно затајување, свое објаснување даде и Основното јавно обвинителство Скопје.
Оттаму велат дека со ново супервештачење, направено по наредба на Кривичниот суд, вештаците потврдиле дека фактичката состојба изнесена во обвинението е променета.
Според Oбвинителството, со вештачењето – износот на даночното затајување од „значителен“ бил намален во „поголем“.
Оттаму велат дека поради ваквите наодите од супервештачењето, предметната обвинителка Марија Џабирова Велков морала да изврши преквалификација на обвинението, а со самото тоа настапила и апсолутна застареност.
„Во конкретниот предмет, по наредба на Основниот кривичен суд Скопје беше извршено ново супервештачење од областа на економско, финансиско, материјално и сметководствено работење. На расправата која се одржа на 27.05.2026 година свој исказ пред судот дадоа и вештите лица, кои наспроти прашањата на обвинителот, потврдија дека фактичката состојба изнесена во обвинението е променета. Согласно вештачењето, износот на даночното затајување од значителен беше намален во поголем и согласно тоа не ги исполни елементите на кривичното дело од ставот 2, односно мораше да биде преквалификуван во ставот 1 од членот 279 – Даночно затајување. Иако предметниот јавен обвинител Марија Џабирова Велков во своето обраќање потенцираше дека останува на воведните говори изнесени на главна расправа во досегашниот тек на предметот, сепак мораше на самото рочиште да изврши преквалификација на обвинението токму поради наодот од супервештачењето, а со самото тоа настапи и апсолутна застареност од 15.03.2024 година“, соопшти Обвинителството.
Претходно, Кривичниот суд информира оти е донесена пресуда со која во целост се одбива обвинението за даночно затајување против новинарот Драган Павловиќ-Латас и три правни лица – случај на поранешното Специјално јавно обвинителство, познат под името „Тотал“. Од Кривичен посочија дека одлуката доаѓа откако на последното судско рочиште надлежниот јавен обвинител во завршните зборови целосно се откажал од понатамошно гонење на обвинетите.
Судската постапка за овој предмет започна да се води уште во октомври 2017 година, а во текот на изминатите години случајот неколкупати се враќаше на самиот почеток, што поради промена на надлежноста на јавниот обвинител, што поради преземањето на предметот од едно во друго обвинителство.
Пресудата за отфрлање на обвинението била донесена на 27 мај годинава, а станала правосилна на 25 јуни, решенијата за судските трошоци на странките се веќе изготвени, а штом пресудата ќе биде целосно анонимизирана, таа јавно ќе биде објавена на официјалната веб-страница на судот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО: Супервештачењето, по наредба на Кривичен, наложи…
Откако Основниот кривичен суд – Скопје соопшти…
И ОФИЦИЈАЛНО: Во студентски домови само за…
Собраниската комисија за образование, наука и спорт…
Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно,…
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт…
30-дневен привор за СОПРУЖНИЦИТЕ-УБИЈЦИ НА ДОКТОР ТРПОВСКИ:…
Судот го прифати предлогот на Основното јавно…
Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка
Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка, неофицијално…