Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни работни визи, вели Николоски
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од активностите за надминување на проблемите со престојот на македонските професионални возачи во шенген-зоната и истакнува дека со процесот што државата го води самостојно преку билатерални разговори веќе им се издаваат долгорочни работни визи.
– Ние разговорите ги водиме билатерално. Имавме активности што беа јавни, но имаме и доста активности на дневно ниво и така ќе продолжиме да работиме. Веќе се договоривме со Швајцарија, со Хрватска, Романија, во финална фаза сме на договор со Словенија, со Австрија и со Германија, што на некој начин го решава целокупниот проблем на македонските транспортери преку издавање долгорочни работни визи за нив, а кои веќе почнаа да им се издаваат. За Грција и за Бугарија веќе функционира, односно се водат како прекугранични зони и таму воопшто и не се бројат деновите на престој – рече Николоски на новинарско прашање.
Тој потенцира дека државата не е и нема да биде дел од ниедна група на земји од регионот и го води процесот самостојно затоа што било злоупотребено од одредени други земји, како што рече, дел за естрада дел за политички поени таму.
– Сè што кажаа од тие соседни држави до сега не се реализира, а тоа може само да нè доведе до забуни и да нанесе сериозна штета на домашното стопанство – изјави Николоски.
Македонските транспортери, посочи, се доволно свесни и јасно им е – не треба да се потпаѓа под туѓи пропаганди и треба да си ја гледаме нашата работа.
– Во моментот сум апсолутно задоволен како се одвива нашата работа и како се решаваат проблемите за нас. А што ќе прават другите, тоа е нивна работа и оставам на нив да ги кројат своите политики и стратегии. Она од што сум особено револтиран е дека во март почнавме разговори со Европската делегација и со Европската комисија на експертско ниво. Тие разговори се зад затворени врати од причина што треба најмалку три-четири циклуси за да се дојде до некое решение. На магичен начин имаше брифинг од тие разговори во една соседна држава, излегуваа во јавноста и се изгуби целата поента, што мислам дека е недозволиво. И затоа решивме да го водиме и да го завршиме процесот сами – изјави вицепремиерот Николоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно,…
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт…
30-дневен привор за СОПРУЖНИЦИТЕ-УБИЈЦИ НА ДОКТОР ТРПОВСКИ:…
Судот го прифати предлогот на Основното јавно…
Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка
Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка, неофицијално…
Стармер во последна посета на Украина како…
Британскиот премиер Кир Стармер денеска престојува во…
Четири компании аплицирале на тендерот за набавка…
Четири компании аплицирале на повторениот тендер за…