Пад на индустриското производство од 4,2 проценти во февруари
Индустриското производство во Македонија бележи пад во февруари 2026 година во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци. Намалување е регистрирано во сите три клучни сектори – рударството, преработувачката индустрија и енергетиката.
Error5
Во секторот Рударство и вадење камен производството е намалено за 9,6 проценти, во Преработувачката индустрија за 1,9 проценти, додека најголем пад има во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, каде што е забележано намалување од 17,2 проценти.
Падот во преработувачката индустрија, според анализите, главно се должи на намаленото производство во повеќе гранки, меѓу кои тутунската индустрија, текстилот и облеката, фармацевтските производи, гумата и пластиката, металите, машинската индустрија и производството на мебел.
Според главните индустриски групи, најголемо намалување има кај енергијата со 19 проценти, трајните производи за широка потрошувачка со 12 проценти и нетрајните производи за широка потрошувачка со 6,9 проценти. Од друга страна, благ раст е забележан кај интермедијарните производи (0,2 проценти) и капиталните производи (2,1 процент).
Најголемо влијание врз вкупниот пад имаат намаленото производство на облека за 5,4 проценти, производството на машини и уреди за 13,5 проценти, како и значителниот пад во енергетскиот сектор.
Овие податоци укажуваат на продолжен притисок врз индустрискиот сектор, особено во делот на енергетиката и традиционалните производствени гранки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пад на индустриското производство од 4,2 проценти…
Индустриското производство во Македонија бележи пад во…
Маж со остар предмет им се заканувал…
Синоќа полициски службеници го приведоа М.С.(24), постапувајќи…
Дипломатски пресврт: Италијанскиот министер ја откажа посетата…
Планираната посета на Антонио Тајани на Србија…
Апасиев за Савески: Како иста глава да…
Новиот државен јавен обвинител се покажа како…
Европскиот совет пред наоѓање модус за брза…
На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје,…