Пад на индустриското производство од 4,2 проценти во февруари
Индустриското производство во Македонија бележи пад во февруари 2026 година во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци. Намалување е регистрирано во сите три клучни сектори – рударството, преработувачката индустрија и енергетиката.
Error5
Во секторот Рударство и вадење камен производството е намалено за 9,6 проценти, во Преработувачката индустрија за 1,9 проценти, додека најголем пад има во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, каде што е забележано намалување од 17,2 проценти.
Падот во преработувачката индустрија, според анализите, главно се должи на намаленото производство во повеќе гранки, меѓу кои тутунската индустрија, текстилот и облеката, фармацевтските производи, гумата и пластиката, металите, машинската индустрија и производството на мебел.
Според главните индустриски групи, најголемо намалување има кај енергијата со 19 проценти, трајните производи за широка потрошувачка со 12 проценти и нетрајните производи за широка потрошувачка со 6,9 проценти. Од друга страна, благ раст е забележан кај интермедијарните производи (0,2 проценти) и капиталните производи (2,1 процент).
Најголемо влијание врз вкупниот пад имаат намаленото производство на облека за 5,4 проценти, производството на машини и уреди за 13,5 проценти, како и значителниот пад во енергетскиот сектор.
Овие податоци укажуваат на продолжен притисок врз индустрискиот сектор, особено во делот на енергетиката и традиционалните производствени гранки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АЛТА БАНКА БИТОЛА МОЖЕ ДА ДОБИЕ НОВ…
АЛТА банка Битола би можела да добие…
ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МОСКВА: САД ЈА ПРЕДУПРЕДИЛЕ…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) официјално…
ТРАМП: ОД ВЕНЕЦУЕЛСКАТА НАФТА ЗАРАБОТИВМЕ ДЕСЕТ ПАТИ…
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Соединетите…
ИРАН ПРЕД ПРОМЕНА НА НУКЛЕАРНАТА ДОКТРИНА? Од…
Во услови на зголемени воени тензии на…
По судирот пред Уставниот суд, полската опозиција…
Полската опозиција најави покренување на иницијатива за…