Палестински функционери: Пет лица убиени во напади на израелската војска врз Појасот Газа
Во денешните израелски напади врз Појасот Газа убиени се пет лица, вклучувајќи и едно деветгодишно девојче, соопштија палестински здравствени функционери.
Според спасувачите, израелскиот оган бил насочен кон група шатори источно од бегалскиот камп Ал Буреиџ во централниот дел на Газа, каде што е убиено девојчето Тала Абу Матара, кое имало девет години. Израелската војска не се огласи во врска со смртта на девојчето.
Во воздушен напад врз леарница за метал, во населбата Сабра во Газа, загинаа четири лица. Очевидци изјавија дека локацијата била погодена со три израелски проектила. Израелската војска соопшти дека погодила терористичка инфраструктура, без да соопшти дополнителни детали.
Израел редовно спроведува воздушни напади во Газа од склучувањето на прекинот на огнот што САД го посредуваа со палестинското движење Хамас минатиот октомври. Израелската војска тврди дека ги таргетира борците кои претставуваат закана за нејзините сили или кои учествувале во терористичкиот напад на 7 октомври 2023 година. Хамас го обвинува Израел за кршење на прекинот на огнот.
Од стапувањето во сила на примирјето, повеќе од 1.070 Палестинци, вклучувајќи многу цивили, и четворица израелски војници се убиени во Газа, според податоците што ги објавија двете страни. Хамас не го открива бројот на своите убиени борци.
Израелските сили контролираат повеќе од 60 отсто од Појасот Газа, патролирајќи во она што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опишува како тампон-зона наменета за одвраќање на нападите на Хамас. Израелскиот премиер тврди дека Израел нема да се повлече од оваа територија.
Израелските воздушни и копнени бомбардирања на Газа раселија речиси голем дел од целокупното население од два милиони луѓе, од кои мнозинството сега живее во импровизирани засолништа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палестински функционери: Пет лица убиени во напади…
Во денешните израелски напади врз Појасот Газа…
Трамп се закани на Палестинците дека ќе…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се…
(Видео) Палестински и израелски мајки на босоног…
Палестински и израелски мајки предводеа босоног марш…
Половина милион луѓе се собраа во Истанбул…
Илјадници луѓе се придружија на новогодишниот собир…
Пирц Мусар: Нема да дозволиме крај на…
Претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар,…