Објавено на:

Трамп се закани на Палестинците дека ќе им ги забрани визите поради кандидатурата во ОН

t

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги поништи визите за палестинската делегација во Обединетите нации доколку амбасадорот Ријад Мансур не ја повлече својата кандидатура за потпретседател на Генералното собрание, дознава Ројтерс од интерен меморандум на Стејт департментот.

„Би било жално ако мораме да ги преиспитаме нашите опции“, се вели во меморандумот, осврнувајќи се на повлекувањето на претходно доделеното ослободување од санкциите за визи на САД.

Во меморандумот испратен до амбасадата на САД во Ерусалим се вели дека кандидатурата на Мансур „ги разгорува тензиите“ и го поткопува мировниот план на Трамп за Газа, и дека Вашингтон ќе преземе мерки доколку кандидатурата продолжи.

„Доколку палестинската делегација не ја повлече својата кандидатура, ќе ја сметаме Палестинската самоуправа за одговорна“, стои во документот.

На американските дипломати им било наложено да ја пренесат пораката до палестинските претставници.

Во февруари, под притисок од САД, Мансур се откажа од својата кандидатура за претседател на Генералното собрание, но остана во трката за потпретседател. Иако станува збор за помалку истакната позиција, новоизбраниот потпретседател би можел да претседава со седниците на Генералното собрание, вклучително и оние за Блискиот Исток, што е особено проблематично за Вашингтон.

Палестинците во ОН имаат статус на набљудувачи, а не на полноправни членови и немаат право на глас во Генералното собрание од 193 члена. Изборите за претседател и 16 потпретседатели на Генералното собрание ќе се одржат на 2 јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…