Панова: Во Собранието се уште не е доставен предлог законот за намалување на акцизата и ДДВ кои веќе поминаа на Владата

За кого ли се грижи Владата ДУИ и СДСМ кога ги жртвува граѓаните?, ова денеска преку изјава за медиумите го прашува Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ.
-За само 2 дена, цената на горивата е драстично зголемена. Цената на бензинот е зголемена за 11 денари, а на дизелот за 18.5 денари. Во Собранието се уште не е доставен предлог законот за намалување на акцизата и ДДВ кои веќе поминаа на Влада. Па се поставува прашањето, кои ли тоа треба да книжи огромен профит додека Владата очигледно, тенденциозно остава простор. Само неграѓанска и ненародна Влада, во време на најголема криза потпомага одржување на високи цени на горивата. Одлуката на Влада која е насока на намалување на акцизата, а се уште не доставена до Собранието, не е ниту целосна и ваква каква што е нема значително да влијае на цената на горивата и новите покачувања, вели Панова.
Таа додава дека затоа, ВМРО-ДПМНЕ го повикува владеачкото мнозинство, да не трча по гол популизам кои народот и така повеќе не им го купува и во вторник на 15.03 кога на дневен ред се предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на ДДВ на прехранбените продукти од 5% на 0% и предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата за 50% да ги поддржи и заедно да изгласаме вистинско намалување, кое ќе има реален ефект врз цената на горивата и храната.
-Упатуваме уште еден апел до парламентарното мнозинство да ги поддржи предлог законите на ВМРО-ДПМНЕ и да не брза со одлуки и законски решенија само за создавање дневна политичка корист. Законите треба да се носат за граѓаните, а не за профит на вашата ненародна власт, рече Панова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…
Светиот апостол и евангелист Јован Споменот на…
Лукаревска: Не е патриотски да се бараат…
Треба да има лидерска средба, но на…
Тепачка на улица “Македонија”, употребени остри предмети
На 19.05.2022 во 21.40 часот во СВР…
Унгарија предлага ембарго на поморските пратки руска…
Унгарскиот министер за надворешни работи рече дека…
Борел: Храната ќе станува се поскапа
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, уште…