Објавено на:

Папата Лав XIV: Градете го мирот насекаде, а не да се подготвувате за нови војни

t

Папата Лав XIV денеска ги повика државите да престанат со подготовките за нови војни, порачувајќи дека единствено мирот е свет.

– Мораме повторно да го изградиме мирот насекаде, а не да се подготвуваме за нови војни! Војната никогаш не смее да се води во Божје име! За нас верниците, ‘да се војува во име на религијата всушност означава да се нападне самата вера’ – рече папата во видеопорака упатена до учесниците на меѓународниот собир „Мир без оружје што разоружува“, одржан во Асизи, пренесе агенцијата АНСА.

Поглаварот на Католичката црква истовремено порача дека не постои нешто што може да се нарече света војна, бидејќи единствено мирот е свет.

– Токму во вакви времиња, обележани со култура на моќта, потребно е да се негува ‘духот на Асизи’, што подразбира отфрлање на секое религиско оправдување за војна, како и прифаќање на духот на посредување и дијалог – додаде папата во пораката.

Папата Лав беше отпуштен од римската болница „Џемели“ на 17 октомври, по успешна операција на белите дробови и петдневно закрепнување, по што се врати во Ватикан.

Меѓународниот собир „Мир без оружје што разоружува“ се одржува во Асизи од 25 до 27 октомври, по повод 40-годишнината од Светскиот ден на молитва за мир, што во 1986 година го свика папата Јован Павле Втори. На собирот учествуваат верски лидери, претставници на различни религии, културата, граѓанското општество и политиката од целиот свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата Лав XIV: Градете го мирот насекаде,…

Папата Лав XIV денеска ги повика државите…

Петир: Македонија не бара привилегии, туку фер…

Хрватската политичарка Маријана Петир истакнува дека европската…

Митева: Владата формира Национален комитет за заштита…

Право што секоја власт има обврска да…

БРИТАНИЈА ИЗДАДЕ БЕЗБЕДНОСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА 15 ЗЕМЈИ:…

Велика Британија издаде безбедносни предупредувања за своите…

Данска и Шведска ги критикуваат Финска и…

Ретко покажување на неединство се појави меѓу…