Објавено на:

Папата се сретна со жртви на злоставување во рамките на Црквата: „Ова е важна пресвртница“

t

Во Лима, папата Лав се сретна со шест жртви на сексуално злоставување извршено од католички свештеници.

Ова беше негова втора средба со жртви на злоставување за време на неговото 12-дневно патување низ Јужна Америка; тие разговараа за тоа како Црквата би можела подобро да ги сослуша, соопштија од Ватикан.

Лав, првиот перуански државјанин што застанал на чело на Католичката црква, е во емотивна посета на својата татковина Перу, која ќе трае до 16 ноември. Ова е последната станица од неговата турнеја низ три земји, која привлече рекорден број верници.

Папата има за цел да го промени пристапот на Црквата кон жртвите на злоставување. Папата, кој потекнува од Чикаго, се среќаваше со жртви за време на неколку свои меѓународни посети, обидувајќи се да помогне во обновувањето на угледот на Црквата по скандалите со сексуално злоставување што ѝ го нарушија статусот.

Средбата траела повеќе од еден час, се наведува во соопштението од Ватикан. „Папата разговараше со секоја личност поединечно, слушајќи ги нивните приказни за страдање и болка“, стои во соопштението.

„Заедно размислуваа за тоа како да се поттикне промена во начинот на размислување преку слушање на жртвите, трагање по вистината, пронаоѓање патишта кон исцелување и посветеност кон создавање безбедни средини“, се додава во соопштението.

Камила Бустаманте, една од жртвите што учествуваа на средбата, изјави за „Ројтерс“ дека тоа претставува „важна пресвртница“ и дека Лав делувал „многу посветено“ на помагањето на жртвите. Сепак, таа предупреди дека жртвите ретко успеваат да дојдат до конечно разрешување на своите случаи.

„Жртвите се навикнати да истрајуваат, дури и кога работите стануваат тешки“, рече Бустаманте, која е и новинарка. „Верувам дека пораката мора да биде дека не смееме да се откажеме и дека мораме да продолжиме да се залагаме за свет ослободен од злоставување.“

Меѓународната група за застапување на жртвите, „Ендинг клерџи абуз“ (Ending Clergy Abuse), ја критикуваше средбата бидејќи на неа не присуствувале поголем број жртви – меѓу кои и најмалку 20 лица кои биле злоупотребувани во една институција за глуви деца во Аргентина, во случај што стана озлогласен.

Ватикан, кој вообичаено не дава коментари за начинот на кој се организираат средбите на Папата со жртвите, повикувајќи се на потребата од заштита на нивната приватност, не изнесе дополнителни детали во врска со организацијата на средбата во Буенос Аирес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата со поддршка за новинарите: Вие ја…

За време на неговата прва аудиенција со…

(Во живо) Лав XIV е првиот папа…

Новиот папа е Роберт Превост од САД,…

Конклавата за избор на нов папа ќе…

Католичките кардинали кои се состанаа во Рим…

Зошто се уништува прстенот на папата по…

Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите папски симболи,…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…