Парада на гордоста во Скопје на 21 јуни под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“

Шестата по ред Парада на гордоста ќе се одржи на 21 јуни во Скопје, под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“. Организаторите најавуваат марш низ градот како симболичен отпор кон дискриминацијата и насилството со кое се соочува ЛГБТИ+ заедницата, но и како повик за солидарност и еднаквост.
„Оваа година стоиме заедно, не само за правата на ЛГБТИ+ луѓето, туку и за демократијата, слободата и заедништвото“, наведуваат од Скопје Прајд.
Настанот ќе вклучи културна програма и музички настапи на отворено. Настанот ќе започне во 18 часот во Паркот „Жена борец“, а маршот ќе тргне во 19 часот од Собранието, со застанувања пред Министерството за образование и наука и Владата.
-Овој слоган не е случаен – тој го носи нашето искуство на преживување, но и нашата одлучност, не само да опстоиме, туку да опстоиме заедно. Во време на политички притисоци, говор на омраза, институционално молчење и глобална неправда, нашиот одговор е заедништво, солидарност и радикална грижа. Протестираме затоа што сакаме да живееме во општество во кое телата, љубовта и идентитетите нема да се сметаат за закана, изјави Лила Милиќ, активистка за правата на трансродовите лица.
Активистот Стефан Петровски истакна дека годинашната парада нема да има забавна програма.
-Одлучивме дека нема што да славиме. Нема простор за перформанси и одвлекување на вниманието од реалноста. Особено не во време кога владата инвестира во општествен пропаст, наместо во култура. Нашиот марш останува гласен и одлучен, затоа што парадата кај нас не е фестивал, туку протест, рече тој.
Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, предупреди дека маргинализираните заедници се сѐ повеќе исклучени.
-Имаме многу за што да протестираме оваа година. Светот, за жал, наместо да ги унапредува човековите права, ги уназадува – и сето тоа се рефлектира и на сите процеси што се случуваат во нашата земја, рече таа.
„Скопје Прајд“ се одржува од 2019 година и има за цел да ја промовира видливоста, правата и достоинството на ЛГБТИ+ заедницата, како и да поттикне поширока општествена поддршка и солидарност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…