Парни Ваљак по смртта на Аки: Сите сме во шок

t

Денеска на 67-годишна возраст, засекогаш не напушти Аки Рахимовски, фронтменот на Парни ваљак и еден од најголемите вокални изведувачи на регионалната музичка сцена.

Оваа тажна вест ја сподели групата Парни ваљак на своите социјални мрежи, а во продолжение ви го пренесуваме официјалното соопштение на менаџментот на бендот:

„За жал, нашиот драг Аки не напушти денеска. Ненадејно почина утрото во болницата во Ново Место. Ова е шок за сите нас и во име на семејството и бендот Парни ваљак ве молиме да не` разберете во овие тешки и тажни моменти, ќе ве информираме со дополнителни информации“, вели Дино Бахтијаревиќ, менаџер на бендот „Парни ваљак“.

Малкумина се вокални изведувачи и музичари на овие простори кои се карактеристични како Аки Рахимовски. Низ петдецениската музичка активност, со својот препознатлив и силен вокал, тој стана еден од најголемите регионални рок пејачи и стана омилено музичко име на сите генерации.

Освен со песни, својата силна движечка енергија ја пренесе и преку концертните спектакли на Парни ваљак, со кои на верната публика и` носеше врвно концертно искуство со децении, исполнето со музика, љубов и моменти за паметење.

Како музичар, Аки Рахимовски зад себе остава богато наследство и вечно отпечатени страници со дневници од регионалната музичка историја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова: Мора да се стави крај на…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните…

Мицкоски од Њујорк: Наместо промена на институциите,…

Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање на…

Историски договор за Гренланд: САД добиваат огромно…

По повеќемесечни тензии околу иднината на Гренланд,…

Макрон по средбата со Зеленски: Франција ќе…

Франција ќе ја зајакне противвоздушната одбрана на…

Јаневска: Има индикации дека бранот на иселување…

Бранот на иселување од земјава можеби е…