Партијата на Бојко Борисов победи на изборите во Бугарија
Според прелиминарните резултати од вонредните парламентарни избори во Бугарија, централнодесничарската партија ГЕРБ освоила 26,08 отсто од гласовите, соопшти Државната изборна комисија.
Бугарската Државна изборна комисија соопшти дека, според прелиминарните резултати, партијата ГЕРБ освоила најмногу гласови на вчерашните избори – 26,08 отсто, додека на второ место е реформската партија Продолжуваме со промените со 14,76 отсто од гласовите, пренесе Ројтерс.
Третото место го зазеде ултранационалистичката партија „Вазраждане“ со 13,8 отсто.
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по објавувањето на излезните анкети, на синоќешната прес-конференција во седиштето на партијата рече дека победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна и дека се залага за формирање влада.
Тој нагласи дека програмата на неговата коалиција е основа за секоја идна влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…
Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…
Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…
Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…
Гаража или паркинг место за автомобил во…