Пациент починал во рацете на својот син додека чекал пред Онкологија
Сведоци тврдат дека историјата на пациентот била изгубена додека чекал во чекалницата на Клиниката за онкологија, а била пронајдена веднаш откако починал, но директорот на клиниката, Игор Стојковски, вели дека нема такви информации и оти целата документација е предадена на семејството.
Пациент денеска починал во рацете на својот син пред Клиниката за онкологија, по неколкучасовно чекање во чекалницата на клиниката.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Препорачано
Општина Центар: Градинката за инцидентот со шприцот дознала три дена подоцна, но веднаш презела мерки
Есен е, а вашето куче сѐ почесто ги лиже шепите: Воопшто не станува збор за досада, туку за проблем
Државата најави вонредна инспекција на сите депонии во земјата
Според сведоштва на други пациенти за „Слободен печат“, неговата медицинска историја била изгубена, поради што не можел да биде примен. Откако човекот починал, како што велат пациентите, вработените веднаш ја пронашле документацијата.
Директорот на Клиниката за онкологија, Игор Стојковски, за „Слободен печат“ потврди дека пациентот починал и изјави дека станува збор за 56-годишен маж со напреднат карцином на мочниот меур во четврта фаза.
— Пациентот се лекуваше повеќе од една година и беше во многу тешка состојба — изјави Стојковски.
Тој нагласи дека нема информации дека медицинската историја на пациентот била изгубена, па пронајдена откако починал, додавајќи дека целата документација за болеста е предадена на семејството.
Извор: Слободен Печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пациент починал во рацете на својот син…
Сведоци тврдат дека историјата на пациентот била…
Апасиев и Мециновиќ на средба со кубанската…
Денес, претседателот на Левица и пратеник проф.…
Убиство во Велес е резултат на негрижа…
Прес конференција на СДСМ – Даниела Колева,…
Гитаристот на групата „ДНК“: Не требаше да…
Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата…
Со нашиот како сијамски близнаци да се:…
Во европските кругови, според неофицијални информации, преовладува…