Убиство во Велес е резултат на негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност
Прес конференција на СДСМ – Даниела Колева, претседателка на Форум на жени
Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност
Двојното убиство во Велес е страшна трагедија, но уште пострашно е што денес зборуваме за животи што можеле да бидат спасени.
Овој случај е јасен доказ за системски колапс на ВМРО-ДПМНЕ и за институционалната незаинтересираност за граѓаните и заштита на жртвите на семејно насилство.
Полицијата на Тошковски и Центарот за социјална работа не само што не си ја завршија работата, со својата негрижа овозможија насилството да ескалира до убиство.
Сега веќе убиената Росица, барала помош кога била тепана, кога имала закани, барала помош кога и била запалена колата. Ама никој ништо не презeл.
Полицијата на Тошковски била алармирана со повеќе пријави за закани, за физички напади, за палење на возилото и кражба. Над 70 пати. Ама, со прст не мрднале.
Не издале забрана за приближување, не спровеле постапка, не обезбедиле заштитни мерки. Ништо. Тоа е пропуст кој денес значи два загубени животи.
За ова одговорноста мора да има и да почне од првите луѓе на СВР Велес.
Понатаму, Центарот за социјална работа не понудил никаква помош на жртвата, не спровел проценка на ризик, не ја сместил во безбедна куќа. Ја оставиле сама и незаштитена, иако опасноста била очигледна.
Насилникот не бил третиран како високоризично лице иако заканите биле повторувани и сериозни.
Ова е суровата реалност во Македонија денеска со ВМРО-ДПМНЕ.
Институциите што треба да ги штитат граѓаните, жените потфрлиле. Нивното молчење, нивната инертност и некоординираност ја чинеа Македонија уште еден фемицид.
Оваа трагедија е институционален срам и мора да има одговорност.
Бараме: Итна ревизија на случајот, одговорност и санкции за сите службениците кои не постапиле;
За живот се работи. Одговорност мора да има.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Камо среќа некој да изгради дата-центар во…
Државата има потреба од примарен национален дата-центар,…
ЕУ и НАТО најавија пожесток одговор кон…
Лидерите на Европската Унија и на НАТО…
Екс шефот на ЦИА го предупреди Западот:…
Дејвид Петреус, пензиониран генерал на американската армија…
Градоначалникот на Лондон казнет за неплаќање данок…
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е прогласен…
(Видео) Германија тестира моќна балистичка ракета сред…
Германија успешно тестираше балистичка ракета произведена во…