Паѓа поддршката меѓу граѓаните за членство во ЕУ

t

Поддршката за ЕУ во земјава на најниско ниво во последните 10 години. Ова го покажува најновото истражување на Институтот за Демократија, поддржано од Фондацијата Конрад Аденауер, спроведено на 1000 испитаници.

Според анкетата, се зголемува бројот на неопределени и апатични, кој е дури 30 проценти од испитаниците. Само 12 проценти од населението е отворено евроскептично. Според објавените анализи – 53 проценти од младата популација од 18 до 24 години го поддржува членството во ЕУ, а  66 проценти од граѓаните сметаат дека земјава не е подготвена за членство, додека тој процент минатата година бил 51.

– Имаме најниско ниво на поддршка за влез во Европската Унија, иако мнозинството на граѓани стои зад таа поддршка, а изнесува 60 проценти. Постои се поголем етнички јаз помеѓу Македонците и Албанците, иако и двата етникума со мнозинство го поддржуваат членството во ЕУ. – вели Марко Трошановски од Институтот за Демократија.

– 2014та имавме 90 проценти на пристапот кон ЕУ, не можеме да бидеме многу задоволни со тоа. Тоа значи и дека следната година со претседателските и парламентарните избори , ќе имаме големи предизвици за тие што ќче имаат политичка одговорност. – изјави Даниел Браун директор на фондацијата Конрад Аденауер.

Членството во ЕУ е многу важно за 40% од населението, додека за 20 отсто пак , воопшто не е важно.  Македонците се попесимистични во поглед на европскиот пат на државата, во однос на Албанците. 

Една третина од испитаниците сметаат дека процесот на пристапување кон ЕУ е усогласување на стандардите и законодавството со европското, додека пак 11 проценти го гледаат пристапниот процес како задоволување на условите на соседите. 

Во врска со внатрешните процеси во земјават- дури 47 проценти од испитаниците сметаат дека се злоуботребува европското знаменце. 

– По повод на прашањето за Кривичниот Законик гледаме консензус, 65 проценти од граѓаните сметаат дека не се донесени за усогласување на стандардите со ЕУ , туку се донесени за заштита на политички елити од криминални дејствија. – вели Анамарија Велиновска од ИДЦСЦ.

Само 24 проценти од испитаниците се согласуваат со преземената обврска за уставни измени. Мнозинството од населението смета дека најголмите позитивни ефекти од процесот на евроинтеграција ќе се случат во економијата. 90 проценти од испитаниците пак не веруваат дека челнстовот во ЕУ ќе гио намали иселувањето кај младата популација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Западен Балкан е сѐ поблиску до ЕУ,…

На 1 мај 2004 година мојот претходник…

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ…

„Политичката понуда веќе е јасна, само коалицијата…

ЕУ не успева да ги оданочува супербогатите:…

Владите на Европската Унија годишно губат 286,5…

ЕУ дели бесплатни карти за патување низ…

Европската комисија повторно им подарува билети за…

Ренесанса во Полска: Прераснува во извозна сила,…

300.000 илјади Полјаци се вратиле дома само…