Пекол: Од утре температури и над 40 степени

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Институтот за јавно здравје деновиве излезе со препораки за заштита на повозрасните од топлото време. Се апелира повозрасните да избегнуваат изложување на сонце, како и работа на отворено, во периодот од 11 до 17 часот. Да носат лесна, светла и памучна облека, заштитни очила за сонце, капа со висок свод и широк обод и крем со УВ фактор 30+ при изложување на сонце. Да се пие повеќе од вообичаено и да не се чека додека не се почувствува жед за вода. Алкохолните пијалаци да се избегнуваат, како и оние што содржат кофеин, но и екстремно ладните. Доколку лекарот им има поставено некои ограничувања за внес на течности, да се консултираат со него.
Се препорачува да се избегне користење шпорет, рерна и слични уреди од 11 до 17 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево и топло со мала до умерена…
СОНЧЕВ И ТОПОЛ ДЕН Температура до 22…
Во Скопје, сончево со мала до умерена…
Метео: Минусни утрински температури
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Сончево но студено време, максималната температура ќе…
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…