Пелистер добива нов мониторинг објект над Маловишта

t

Вработени во ЈУ Национален парк „Пелистер“, заедно со локалното население од Маловишта, продолжуваат со поставување монтажен мониторинг објект над селото, кај Свети Спас, на 1.920 метри надморска височина.

Од локацијата се отвора поглед кон Преспанското Езеро, а од Националниот парк информираат дека веќе е завршена втората фаза од уредувањето. По реализацијата на третата фаза, објектот треба да биде ставен во целосна функција.

„Вработените од ЈУ НП „Пелистер“, заедно со локалното население, низ активна соработка реализираат низа активности со цел подобрување на инфраструктурата во рамки на паркот. Инфраструктурата од овој тип е подеднакво важна за посетителите, но и за активностите поврзани со заштитата на природата и мониторингот на видовите“, соопштија од ЈУ НП „Пелистер“.

Во изминатиот период, вработените во Националниот парк поставувале опрема и уредувале локации и во Трново, Магарево, Арвати и други места со потенцијал за развој на екотуризмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пелистер добива нов мониторинг објект над Маловишта

Вработени во ЈУ Национален парк „Пелистер“, заедно…

Task Force удри по нарко-трговијата: 20 лица…

Дваесет лица, меѓу кои и двајца странски…

Нова градинка во Теарце: 10 занимални и…

Во Општина Теарце денеска беше отворена детската…

Сиљановска-Давкова со претставнички на „До бебе по…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со…

Мистер Бин се враќа: Роуан Аткинсон повторно…

Британскиот актер и комичар Роуан Аткинсон ќе…