Пендаровски: Ако Путин употреби нуклеарно оружје тоа ќе биде хорор за светот

t

Мобилизацијата одорена од Владимир Путин во Русија, според македонскиот претседател, Стево Пендаровски, може да ги влоши состојбите во Украина, но и во целиот свет.

Во интервју за ТВ Клан Македонија Пендаровски вели дека не може да се предвиди текот на настаните, но доколку рускиот претседател употреби нуклеарно оружје, тоа ќе биде „хорор за светот“:

– Овој последен развој на настаните, со дополнително поивикување на 300.000 војници од руската резерва, со наредба на претседателот Путин, мислам дека само ќе ги влоши состојбите. Тоа покажува дека тој човек навистина живее во некоја паралелна реалност. Се плашам дека ако и понатаму не му оди добро на воен план, дека може да размислува за преземање на порадикални мерки, па дури и, како што се спомнува во некои анализи, таканаречено тактичко нуклеарно вооружување што би било апсолутена пропаст за светот. Не можете туку така на микро ниво да употребувате нуклеарно оружје и да сакате да остварите некакви парцијални цели. Ако биде, не дај Боже, тоа ќе биде почеток на нуклеарна војна, а сите знаеме како тоа завршува. Нема да биде холивуидски филм, за жал ќе биде хорор во кој ќе се најдеме сите ние – вели претседателот Пендаровски.

Од друга страна, како што истакнува шефот на државата, го радува тоа што за една ваква директна агресија, од држава членка на ОН и на Советот за безбедност, кон друга членка на ОН, целиот демократски свет, па и оној што е помалку демократски, комплетно се обедини, не само за праќање оружје таму, туку и во политичката осуда.

– Сто четириесет и една држава ја осуди руската инвазија во Украина, во март, на самиот почеток на инвазијата. Тоа е мнозинство какво што не е забележано кон голема држава, никогаш во историјата на ОН – нагласува Пендаровски во интервјуто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…