Пендаровски го потпиша Протоколот за членство на Шведска и Финска во НАТО
Претседателот Стево Пендаровски информираше дека попладнево го потпишал Указот за прогласување на Законот за ратификација на Протоколите за членство на Шведска и Финска во НАТО.
-Ратификацијата на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за членството на Шведска и Финска во НАТО ја потврдува нашата поддршка за политиката на отворени врати. Проширувањето на Алијансата со двете земји е придонес кон колективната безбедност на евро-атлантскиот регион, објави Пендаровски.
Собранието вчера без дискусија и расправа ги ратификуваше протоколите за прием на Шведска и Финска во НАТО.
„За“ гласаа 103, а „против“ двајцата пратеници од Левица, од вкупно 105 присутни во македонскиот Парламент, кој има 120 пратенички места.
Ова е првпат Собранието да ги ратификува протоколите на новите земји аспиранти за членство во Алијансата, откако Македонија стана 30-та членка на НАТО во март 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија забрани опозициската Јаблоко да биде на…
Врховниот суд на Русија ја поништи регистрацијата…
Блиски роднини со тврд предмет тепале жена…
Жена од село во Велешко, кое полицијата…
Бројот на жртви во Колумбија надмина 100,…
Силниот земјотрес што ја погоди Колумбија одзеде…
ВМРО-ДПМНЕ: Заев од јахта диктира ниски цени…
Лицемерно е што СДСМ се вмешува во…
Шок на британско пристаниште: кокаин вреден 230…
2,9 тони кокаин скриен во кутии со…