Пендаровски демантиpa – Бугарите се лутат: Македонците од Бугарија не го разбираат лoшиот однос од македонската држава кон нив – средба сепак ќе има

t

Од Кабинетот на претседателот на државата појаснуваат дека со претставниците на организациите на Македонците од Бугарија не е откажана туку се утврдува точен термин на нејзино одржување.

Од Кабинетот на Пендаровски за „Република“ велат дека е пристигнато барање за средба на што е даден позитивен одговор но притоа не е утврден точен датум и сега се прави токму тоа.

Затоа не може да се каже дека средбата е одложена или откажана кога не ни бил утврден точен датум-велат од неговиот кабинет.

Формулацијата е битна за да не дојде до несакани недоразбирања меѓу претседателот и претставниците на организациите на Македонците од Бугарија.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски ќе се сретне со претставници на
забранетата бугарска партија ОМО „Илинден Пирин“, пренесуваат бугарските медиуми.

Датумот и темата на средбата не се прецизирани, но разговорите се на покана на
ОМИ Илинден Пирин.

На почетокот на неделата, владејачките и опозициските партии во Бугарија јасно ставија до знаење дека Северна Македонија ќе почне преговара за членство во ЕУ само кога има конкретни резултати за контроверзните билатерални прашања и ќе престане да ги дискриминира македонските Бугари, пренесува БГНЕС.

БГНЕС наведува писмо испратено претходно од ОМО Илинден и ОМО Илинден Пирин до Пендаровски.

„Постоењето на Македонците од двете страни на границата е неопходниот мост меѓу двете земји и народите во нив. Овој наш став не е прифатен од властите во Република Бугарија, каде што немаме можност за развој и застапеност. Властите во Бугарија демонстрираат ефикасна комуникација со самоидентификување етнички Бугари во РСМ, што за нас е достојно и е пример, но за нас е неразбирлив односот кон самите себе. Според нас, принципот на реципроцитет ќе биде добар знак за еднаквост меѓу бугарскиот и македонскиот народ“, напишаа тие.

Бугарските судови на двете организации им ја одбија регистрацијата. Во 2004 година, Уставниот суд ја прогласи ОМО за неуставна организација. Следуваа низа судски процеси во Стразбур, кои ги доби ОМО Илинден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарски медиум ги попари властите и историчарите!…

Колку е повулгарна лагата, толку полесно ја…

Бугарското МНР штрајкува за повисоки плати

Вработените во бугарското Министерството за надворешни работи…

Портпаролот на бугарското МНР: Манупулациите на историската…

Сите манипулации што заедничката комисија со Македонија…

Македонците од Мала Преспа во Канада ја…

Македонското друштво „Мала Преспа” од Канада ја…

Вечно виновни: Милков тврди дека Македонија е…

За жал, реакцијата во Република Македонија е…