Пендаровски: Кризата е можност да ја зајкнеме енергетската инфраструктура

t

„Кризата е и можност за зајакнување на нашата енергетска архитектура преку вложување во долгорочната енергетска безбедност, достапност и одржливост”, порача денеска претседателот Пендаровски на свеченото отворање на Деновите на групацијата ЕВН, пренесоа од неговиот кабинет.

Говорејќи за кризата со достапноста до енергија, еколошката одржливост и енергетската безбедност, претседателот Пендаровски оценил дека како мала и отворена економија со висока енергетска зависност, Македонија е ранлива на овие процеси. Според Пендаровски, македонскиот енергетски систем не генерира доволно електрична енергија за своите потреби, а како причини ги навел долгогодишното ниско ниво на вложување во енергетските капацитети, незапирливиот раст на побарувачката за електрична енергија во дигиталната ера и неодрживите енергетски навики кај дел од граѓаните.

Од Кабинетот на претседателот информираат дека тој ги пренел главните точки од планот на Владата за справување со кризата – ургентен увоз на неопходните ресурси, зголемување на домашното производство и намалување на потрошувачката.

„Единствениот начин да се излезе на крај со овие предизвици е доколку сме сите заедно, а соработката со ЕВН Македонија е важна како никогаш досега. ЕВН Македонија е клучна алка во македонскиот енергетски систем и е еден од најголемите инвеститори, работодавачи и даночни обврзници во Македонија“, рекол Пендаровски на корпоративниот собир.

Во обраќањето, претседателот ја истакнал и поддршката што компанијата ја дава за реализација на повеќе проекти, како што се програмата „Млади менаџери и бизнис лидери” и добротворната акција „Волонтираме за солидарно општество”, како и поддршката во изготвувањето на „МКД 2030″ како стратешка рамка за развој на Македонија до крајот на оваа деценија, соопшти неговиот кабинет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…

Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…