Пендаровски: Македонија го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија

Република Македонија го поддржува дијалогот Белград-Приштина за изнаоѓање сеопфатно решение, со посредство на ЕУ и САД, истакна претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со Глаук Коњуфца, претседател на Парламентот на Република Косово, кој е во посета на нашата земја.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, се разговараше за севкупните билатерални односи, со акцент на парламентарната соработка, при што двајцата соговорници изразија задоволство од динамиката и соработката меѓу Република Македонија и Република Косово кои одржуваат позитивни и конструктивни односи, со отворен дијалог на сите нивоа и без отворени прашања.
-Соговорниците разговараа и за последните случувања во Косово при што претседателот Пендаровски повика на нормализирање на односите со што ќе се гарантира мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот, како на нашите соседи, така и на целиот регион, се наведува во соопштението.
Во тој контекст, претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека Република Македонија го поддржува дијалогот Белград – Приштина за изнаоѓање сеопфатно решение, со посредство на ЕУ и САД.
На средбата, како што е наведено во соопштението, се разменија мислења и информации за состојбите во регионот при што се констатираше дека во контекст на новите геополитички предизвици предизвикани од војната во Украина, мирното решавање на отворените прашања на Западниот Балкан треба да биде апсолутен императив за сите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франс прес за протестите во Македонија и…
„Од улиците на Белград во Србија до…
„Кој е следен?“ демантираат: Не сме дел…
Не сме дел од никаква група за…
Вучиќ најавува контрапротести низ Србија со кои…
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави формирање на…
Уневрзитетскиот клинички центар Србија ја соопшти најновата…
Д-р Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за…
Молитва за жртвите во Кочани во храмот…
Српскиот патријарх Порфириј одржа синоќа во храмот…