Пендаровски на средба со претседателот на Еврејската заеднинца: Соживотот е предуслов за напредок

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Пепо Леви, новиот претседател на Еврејската заедница.
На средбата, претседателот Пендаровски упати честитки за назначувањето на Пепо Леви за претседател на Еврејската заедница и притоа ја истакна својата заложба за соработка со Еврејската заедница, како и со другите верски заедници во Република Македонија, во интерес на меѓусебното разбирање и почитувањето на различноста како една од темелните вредности во нашето општество.
Претседателот Пендаровски, нагласувајќи ја улогата на водачите на верските заедници во негувањето на соживотот, како важен предуслов за просперитет и напредок, изрази очекување дека новиот претседател и сите припадници на Еврејската заедница, како и досега, така и во иднина ќе продолжат да даваат значаен придонес кон нашата заедничка иднина.
На средбата стана збор и за тековните активности на Еврејската заедница, како и за нивните идни планови и ангажмани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците…
Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците…
Родител на починато дете: Не сум задоволен…
Родител на починато дете во објава на…
Трговците на големо и мало бараат средба…
Стопанската комора на трговци на големо и…
Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…
Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…
Вулин се сретнал со Шојгу: Рускиот министер…
Доскорешниот директорот на Безбедносно-информативната агенција на Србија,…