Пендаровски на средба со Селаковиќ: Да се подобри положбата на припадниците на националните малцинства во двете земји

Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, денеска во Скопје се сретна со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, по повод празникот на Свети Сава, што се одбележува како Национален ден на Србите, соопштија од српското МНР, јави дописникот на МИА од Белград.
– Годинава поради Ковид-19 Република Македонија е единствената земја во регионот во која за српското малцинство се организира прослава на празникот Свети Сава и Светосавска академија. Тоа беше причината за средбата со претседателот Пендаровски, што помина во топла, пријателска и празнична атмосфера, изјави Селаковиќ по средбата.
Шефот на српската дипломатија додаде дека разговарале и за тоа што можат двете земји да направат за подобрување на положбата на припадниците на националните малцинства, како во Србија, така и во Македонија.
– Му благодарам на претседателот Пендаровски што излезе во пресрет, за желбата да се одржи една ваква средба, и на нас е да ги негуваме добрососедските односи со Македонија, изјави Селаковиќ.
Тој додаде дека на средбата било разговарано и за продлабочување на економската соработка и важноста на иницијативата „Отворен Балкан”.
– Нашиот фокус е на меѓусебно почитување, негување пријателски и добрососедски односи, но и продлабочување на нашата соработка на сите полиња, со сериозен акцент на економската соработка, кажа Селаковиќ.
На средбата со претседателот на Македонија, освен министерот Селаковиќ, присуствуваа и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ и претставници на српската заедница во Македонија, соопштија од српското МНР.
Министерот Селаковиќ вечерва во Скопје ќе се обрати и на Светосавската академија во НУ „Македонски народен театар” по повод Националниот празник на Србите во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…