Пендаровски: Сè уште се обидувам да разберам зошто настаните од минатото имаат толкаво влијание денес

t

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Еуроњуз“ говорејќи за актуелни прашања поврзани со односите со Република Бугарија, посочува дека сè уште се бори да најде оправдување зошто настаните што се случиле во далечното минато имаат толку несразмерно влијание врз судбината на неговите граѓани денес.

Не можам да му објаснам на просечен македонски гласач или граѓанин колку е важно да влеземе во ЕУ, организација основана во 1957 година, а ние во 20-иот век се расправаме каква етничка припадност бил Гоце Делчев или некој друг херој-основоположник, како цар Самуил пред десет века – вели Пендаровски.


Како што вели Пендаровски, додеката трае дебатата за македонскиот идентитет, што доведе Бугарија да стави вето на пристапот на нејзиниот сосед во ЕУ, тој сè уште верува дека новоизбраните премиери Петков и Ковачевски можат да го решат ќор-сокакот, како „млади луѓе кои доаѓаат надвор од политичкиот мејнстрим [кои] зборуваат различен јазик“. Пендаровски притоа изразува загриженост дека улогата на ЕУ како решавач на проблемите во спорот можеби е на удар.

Можам да ви кажам дека падот во Македонија е поголем од каде било во која било друга земја од Западен Балкан. Ако ги погледнете анкетите, има пад од 20 или 25 отсто откако го спроведовме референдумот за промена на името – додава Пендаровски.

Тој потсетува дека Македонија веќе прескокнала значителни пречки за да ја покаже својата посветеност за пристапување во Унијата со решавањето на спорот со Грција за името (Преспанскиот договор), за потоа да се јави прашањето со Бугарија.

Билатералниот договор за добрососедски односи од 2017 година, потпишан од премиерите Заев и Борисов, се сметаше за важен момент во постојано растечките позитивни ставови меѓу двајцата. И, потоа, одеднаш – сè уште не знам кој е главниот мотив кој стои зад тоа. Почнаа да зборуваат за историјата, за тоа дека историјата е предуслов за напредок кон Брисел, и, можам да ви кажам дека сите ние на овој крај на овој политички јаз, или дискусија ако сакате, беа фатени во тесно и неподготвени… Дури и денес, навистина не сум сигурен за вистинските мотиви на нивната страна, зошто историјата беше толку важна за нив. Тоа никогаш не му се случило на ниту еден друг кандидат за членство во ЕУ – вели Пендаровски.

Тој се осврнува и на заморот околу интеграцијата во ЕУ, што е, вели, најлошо чуваната тајна во Брисел, но, посочува, постои замор и кај нас бидејќи 17 години сме со статус на земја кандидат за членство.

Знаете, нам ни е преку глава од сите овие приказни дека сме географски дел од Европа. Би сакале конечно да бидеме институционален дел од Европа. Нема да се откажеме. Тоа е сигурно…Но, можам да ви кажам дека, доколку уште едно одложување се случи повторно, тогаш, од јуни натаму, проевропските сили и проевропските политичари или реформисти нема да победат на други избори во оваа земја – оценува Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ: Должност ни е да дадеме шанса…

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во вечерашното…

Бугарија драстично ја намалува финансиската помош за…

Бугарија ја намалува помошта за Украинците кои…

Османи: Особено ги ценам француските напори за…

Остварена средба со висока делегација од француското…

Македонија се соочува со негативни демографски трендови

Актуелните демографски трендови во РС Македонија не…

Османи: Претставена е успешната приказна на Македонија…

Руската агресија, исфрлањето на Русија од Организацијата…