Пендаровски: Јас сум ваш, вие сте мои

t

Претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ Стево Пендаровски во Дебар на сребите со граѓаните рече дека паролата „Нашиот претседател“ не случајно била одбрана бидејќи тој никогаш не ги делел луѓето

„Јас сум ваш, вие сте мои“, рече Пендаровски.

Тој посебно се задржа на соживотот, по кој е препознатлив поширокиот дебарски регион.

„За разлика од другите места што ги посетив, овде сакам да зборувам за она што вие најдобро го знаете, убаво живеете векови наназад, а тоа е соживотот, коегзистенцијата на различни народи, етникуми, вери, различни социјални статуси. Затоа што Дебар е еден од градовите кој може да се пофали и во најтешките времиња и светски војни, овде и Македонци и Албанци, и Турци и Роми и Власи и Срби и Бошњаци, сите што живеат на овој поширок простор знаеле да си помагаат еден со друг и да си се најдат еден на друг во неволја“, рече тој.

Пендаровски вели тоа се покажало и откако Македонија стана независна и тоа на најдобар начин го покажувате и ден денес.

„Вие сте луѓе и во добри и во лоши времиња, а такви се поретко се наоѓаат во нашава држава. Дебар секогаш бил еден од интелктуалните центри во поширокиот регион, видни фамилии, видни поединци, интелектуалци, писатели, уметници, учители, реформатори, едукатори, потекнуваат од тука. И вие имате со што да се гордеете“, констатира Пендаровски.

Сите години на независна Македонија, посочи, беше време на делби и тие делби меѓу луѓето по различни основи беа стимулирани од врвот на државата во тој период.

„Јас во моите пет години се трудев никого да не поделам по ниту една основа. За мене и сиромавиот и богатиот се исти. Јас ги делам луѓето на две групи: луѓе и не луѓе. Ние сме избрани да работиме за вас, а не за провизии и за тендери и за разно разни криминали. Затоа мислам дека во изминатите пет години покажав како еден претседател може да се нарекува претседател на сите, не само на хартија, туку во пракса“, нагласи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…

Обвинителството ја проверува и отфрлената претставка за…

Меѓу списите кои ги проверува обвинителството во…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…