Пендаровски ја пpeкрши резолуцијата на македонското Собрание за спорот со Бугарија?

Драган Ковачки, полковник на АРМ кој е и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека со својата вчерашна изјава претседателот на државата, Стево Пендаровски ја прекрши резолуцијата на македонското Собрание за спорот со Бугарија.
-Аналитичарот Пендаровски штотуку ја погази резолуцијата што е донесена во Парламентот со поддршка на сите партии. Политички и интелектуален очајник, однароден, пишува Ковачки.
Аналитичарот Пендаровски штотуку ја погази резолуцијата што е донесена во Парламентот со поддршка на сите партии.#ПолитичкиИИнтелектуаленОчајник#Однароден pic.twitter.com/fUltMYrYf6
— Драган Ковачки (@Kovacki1) January 19, 2022
Финалното решение со Бугарија треба да биде претставено пред пратениците. Мора да влезе во Законодавниот дом, за него да се дебатира и да се гласа со мнозинство, но не двотретинско зашто тоа е многу тешко да се добие, изјви вчера претседателот Стево Пендаровски.
Граѓаните од двете страни, и од македонска и од бугарска, оценува претседателот, мора да знаат за што се преговара.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху: Го поддржувам продолжувањето на примирјето
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера му рече…
Во Украина преку 400 населени места останаа…
Украина стравува од нова голема кампања на…
Четворица загинати во несреќа во полски рудник
Четири лица загинаа во рудникот Собиески во…
Свештеник пријавил непознати лица во полиција дека…
Две маскирани лица го симнале знамето на…
Малолетници со нож ограбиле врсници во Чаир!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца…