Пендиков: Мечтаам да се вратам во Македонија и да кажам дека сум Бугарин

t

Христијан Пендиков кој беше претепан во родниот град наводно поради бугарската самосвест, во првото појавување во јавноста, во интервју за БТВ рече дека сонува да се врати во Македонија и да каже дека е Бугарин.

Секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид кој се родил како Македонец но подоцна осознава дека е македонски Бугарин, вели дека еден месец по нападот се уште е цел на закани. Пендиков е сигурен дека може да нападнат и во Бугарија.

– Бев во друштво со пријателки. Дојдоа двајца тројца луѓе и започнаа да ме напаѓаат затоа што сум Бугарин. Затоа што сум се нарекувал Бугарин и дека сум предавник. Потоа излегов надвор да му се јавам на Томе да му кажам што се случило. Влегов внатре и видов дека не ме сакаат во друштвото. Си ја зедов јакната и тргнав кон паркингот и кон колата. Таму се случи нападот. Ме тепаа десет минути тројца напаѓачи, откри Пендиков.

Тој додаде дека во Македонија било нормално да се тепаат, пцујат и стрелаат затоа што си Бугарин, а полицијата ништо не преземала.

– За да си македонски Бугарин, треба да се осознаеш. Во Македонија учиме изменета и фалсификувана историја во која Бугарите се фашисти. Откако ја прочитав светската историја и прочитав повеќе за ВМРО јас осознав дека сум Бугарин. Ние учевме таква историја дека само Србите ни се браќа и сите други сакале да и се случи нешто лошо на Македонија, истакна тој.

Неколку дена Пендиков има 24-часовно полициско обезбедување затоа што добивал слики со закани со оружје кои сакале да го пронајдат во Бугарија.

– Мајка ми ја заплашуваат постојано. И пишуваат дека ќе ја убијат дека сме предавници и дека треба да се иселиме од Македонија. Мечтаам еден ден да може да се вратиме во Македонија и спокојно да кажам дека сум Бугарин и никој да не ми направи ништо, не само на мене туку и на сите кои живееме во Македонија и сме македонски Бугари – потенцира Пендиков за БТВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предложен притвор за 20-годишникот фатен во акцијата…

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…

Апсење на Блаце: Фатен жител на скопско…

На 15.10.2026 на Граничниот премин Долно Блаце,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…

Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…

Ученици од Скопје биле нападнати додека шетале…

Група ученици од Скопје биле нападнати во…