Пентагон: Војната во Иран досега чинеше 25 милијарди долари
Војната на САД во Иран досега чинеше 25 милијарди долари, изјави денеска високиот функционер на Пентагон задолжен за финансии, Џулс Херст, со што ја даде првата официјална процена за воените трошоци.
Херст пред конгресмените во Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом изјави дека најголемиот дел од тие пари се потрошени за муниција.
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом рече дека зголемувањето на буџетот на Пентагон за следната година на 1,5 билиони долари „ќе ја одржи најмоќната и најспособната војска во светот“.
Хегсет рече дека Иран „не се откажал од своите нуклеарни амбиции“ и дека сè уште поседува илјадници ракети.
САД, заедно со Израел, почнаа воздушни напади врз Иран на 28 февруари, откако преговорите за иранската нуклеарна програма не доведоа до договор, а од 8 април во сила е примирје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пентагон: Војната во Иран досега чинеше 25…
Војната на САД во Иран досега чинеше…
СДСМ по укинувањето на техничката влада: Падна…
СДСМ реагира по денешното изгласување на измените…
Татко и син „тргнале на нож“ против…
Kristal Наместо мир и семејна вечера, во…
Развојна банка го прекршила правото на новинар,…
Уставниот суд на денешната седница донесе едногласна…
Кочан ладен Први мај: дожд и температури…
Времето ќе го расипе Првомајскиот излет оваа…