СДСМ по укинувањето на техничката влада: Падна последната брана на демократијата
СДСМ реагира по денешното изгласување на измените на Законот за Влада, со кои по следните парламентарни избори ќе биде укината техничката влада, оценувајќи дека со тоа „паднала последната брана на демократијата“.
Од партијата соопштија дека техничката влада од 2016 година претставувала единствен механизам за заштита од, како што наведуваат, целосна узурпација на институциите и минимална гаранција за фер изборни услови.
„Со овој потег, Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја отстранија и последната брана која спречуваше целосна контрола врз изборниот процес. Македонија капитулира пред криминалот и корупцијата“, наведуваат од СДСМ. Од опозициската партија оценуваат дека укинувањето на техничката влада покажува намера на власта да владее без контрола, транспарентност и одговорност. СДСМ порача дека ќе продолжи, како што наведува, да се бори за вистинска демократија и европска иднина на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени четворица осомничени за смртта на двајца…
Четворица приведени под сомнение дека сториле две…
Инцидент во центарот на Скопје – Оштетен…
На 27.10.2026 во 20:00 часот во СВР…
Кривична за директорот на Комуналното од Делчево…
Директор на јавно претпријатие во Делчево заработи…
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Бебето Хана едвај преживеа,…
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Јас сум мајката на…
Индискиот извоз на оружје во Европа пораснал…
Индија од 2023 година наваму продала на…