Објавено на:

Пентагон: Лојд Остин сѐ уште е во болница

t

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин сѐ уште е во болница и се чувствува добро, соопшти денеска Пентагон, додавајќи дека тој ги следи американските воени операции ширум светот.

„Тој е во контакт со својот висок персонал, има целосен пристап до неопходните безбедни средства за комуникација и продолжува да ги следи секојдневните операции на Министерството за одбрана низ светот“, наведе портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер, во соопштение.

Се наведува и дека Пентагон се уште нема прецизен датум за отпустот на Остин.

Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп, вчера изјави дека САД „фрлаат бомби низ целиот Блиски Исток“, додека министерот за одбрана Лојд Остин „води војна преку неговиот лаптоп во болничката соба“.

„Значи, само да разјасниме. Фрламе бомби ширум Блиски Исток, а нашиот министер за одбрана, кој е исчезнат пет дена, води војна од својот лаптоп во болничка соба“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „TruthSocial“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…

САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…

САД го поздравија успешниот крај на преговорите…

САД продолжија со испораката на оружје за…

Испораките на оружје од САД за Украина…