Објавено на:

Пентагон: Мора посeризно да го сфатиме pивалството со Русија и Кина

t

Вашингтон треба посериозно да го сфати ривалството со Москва и Пекинг, изјави американскиот заменик-секретар за одбрана Мајк Мекорд.
„Нашите ривали, поточно Русија и Кина, ги користат сите фигури на шаховската табла за да се натпреваруваат со нас. Се натпреваруваме на дипломатски колосек, во однос на економијата, иновативноста. Ако го сфатиме сериозно ова ривалство, како што треба и како што гледаат нашите ривали, не можеме да си дозволиме да реагираме како сега“, рече тој.

Висок функционер на Пентагон на сослушувањето во Претставничкиот дом истакна дека времето е пари.
Во исто време, шефот на американската вселенска команда, генерал Џон Рејмонд, изјави дека Вашингтон треба да изгради стабилна инфраструктура во вселената .
„Мораме да се модернизираме, губиме време. Мораме да се движиме, да создадеме постабилна одбранбена инфраструктура која ќе ги исполни денешните барања“, посочи американскиот генерал на сослушувањето во Претставничкиот дом.
Тој нагласи дека САД со своите неверојатни, софистицирани способности се уште се најдобри во вселената. Сепак, според неговата проценка, капацитетите на САД во вселената не се создадени за заканите што се појавуваат.

Белата куќа на крајот на декември објави дека американскиот претседател Џозеф Бајден го одобрил буџетот за одбрана на земјата за 2022 година, кој предвидува средства за ограничување на Русија, но без санкции против гасоводот „Северен тек 2“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Данска го зголемува буџетот за одбрана на…

Данската влада најави огромно зголемување на буџетот…

Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…

Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…

Трамп најавува дека  ќе стави крај на…

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…

Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…