Пентагон открива колку потрошила Македонија за купување американско оружје

t

о трите години откако стана членка на НАТО, Македонија потрошила речиси 120 милиони долари на американско оружје купено преку американската програма за воена продажба во странство, покажуваат податоците од Агенцијата за безбедносно-одбранбена соработка (ДСЦА) на Пентагон.

Програмата за странска воена продажба претставува еден од двата главни начини преку кои САД им продава оружје на други земји, а подразбира дека Вашингтон учествува како посредник меѓу производителот и купувачот додека во директната комерцијална продажба нема посредник.

Во извештајот „Историска продажба на оружје“ во рамки на програмата за воена продажба во странство што ДСЦА го објави за фискалната 2022 година, Македонија купила воена опрема во вредност од 13.490.993 долари.

Во 2021 година, Македонија потрошила рекордни 84.691.923 долари, во 2020 година таа сума изнесува 21.085.360 долари, додека во 2019 година на оружје и воена опрема се потрошени 11.012.940 долари.

Само за споредба, во тригодишниот период од 2016-2018 година, Македонија потрошила едвај два милионa доларa (1.959.625 долари) на американско оружје и опрема.

Она што треба да се посочи се „измешаните“ податоци за 2018 година во извештајот за 2022 година. Имено, во ланскиот извештај стои дека Македонија во 2018 година потрошила 4.497.550 долари, додека во извештаите за 2021 и за 2020 година се наведува сума од 924.549 долари.

Повнимателна проверка покажува дека се работи за грешка во извештајот за 2022 и дека сумата од 4.497.550 долари во 2018 година ја потрошила Либерија.

Слични „несовпаѓања“ во извештајот за 2022 се појавуваат и во податоците на другите земји од регионот. Така, во делот за Косово се наведува дека во 2018 година, земјата купила американско оружје во вредност од шокантни речиси 3,5 милијарди долари.

Споредбата со истиот извештај за фискалните 2021 и 2020 година покажува дека станува збор за грешка, бидејќи тие даваат идентична бројка од 3.498.907.386 долари – но за Јапонија, додека за Косово има сума од нула долари за дадената година.

Податоците што се совпаѓаат во сите три извештаи се дека во 2019 година Приштина потрошила 2.707.541 долари, проследено со драстичен скок во 2020 година на 11.115.838 долари и уште подрастичнен скок во 2021 година до 22.425.205 долари, додека во 2022 биле потрошени 160.918 долари.

Дека ДСЦА направила збрка во бројките за 2018 година во извештајот за 2022 година покажуваат и делот за Албанија, Хрватска, Црна Гора – кои се членки на НАТО i како и за Босна и Херцеговина и за Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство назначи нови директори во…

Именувани се нови в.д. медицински директори во…

Никој не го натерал починатото момче да…

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан…

Си-Ен-Ен: Обама и Пелоси се загрижени за…

Американската мрежа Си-Ен-Ен се обидува да ги…

Африм Гаши ја наруши секулраноста на државата,…

На верските обреди не им е местото…

Многу успех! Ултрамаратонецот Тони Манев ќе ја…

Ултрамаратонецот Тони Манев од Штип веќе шест…