Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за забрзано производство на ракети „Томахавк“
Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден 22,9 милијарди долари со „Рејтеон“ за забрзување на производството на крстосувачки ракети „Томахавк“ за потребите на американската морнарица.
Големата нарачка доаѓа во период кога Вашингтон настојува брзо да ги зголеми производствените капацитети за критична муниција, поради намалувањето на залихите на ракети и софистицирана муниција што во голема мера се користи во конфликтот со Иран.
Според Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS), една ракета „Томахавк“ чини околу 2,6 милиони долари.
Тинк-тенкот проценува дека американската морнарица пред почетокот на конфликтот со Иран располагала со околу 3.100 ракети „Томахавк“, од кои повеќе од 1.000 биле употребени оттогаш.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во март изјави дека уште во октомври 2025 година побарал од Вашингтон да ѝ испорача на Украина меѓу 100 и 200 ракети „Томахавк“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…
Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…
Претседателот на Хрватска утре ќе побара вонредна…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати…
Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов…
Проектот за уредување на коритото на реката…
Затвор за разговор со странски новинари: Иран…
Иран го заострува притисокот врз медиумите со…
Италијанско летувалиште воведе ноќен полициски час за…
Во градот Праја а Маре во Калабрија,…