Песков: Очекувањата за средбата Путин-Трамп се големи, но работите се покомпликувани
Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, денеска изјави дека очекувањата на јавноста и на новинарите се граничат со максимализам, но дека реално ситуацијата е посложена и дека е потребно повеќе време за да се подготви средбата меѓу Путин и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
– Очекувањата на јавноста и очекувањата на новинарите секогаш се граничат со максимализам. Во реалноста, ситуацијата е малку поинаква, многу е посложена, бара повеќе работа, бара повеќе време – изјави Песков за телевизијата „Русија 1“.
Според него, размената на посети меѓу специјалните претставници на Русија и САД е многу активна и стана речиси редовна, пренесе РИА Новости.
Песков ги оцени меѓусебните посети на специјалниот претставник на рускиот претседател Кирил Дмитријев и специјалниот пратеник на американскиот претседател Стивен Виткоф како „сигурен канал“ за лидерите на Русија и САД да си ги соопштат своите ставови.
– Претседателите ги слушаат пораките што се пренесуваат на овој начин и имаат можност да ја проценат реалноста на состојбата на работите и вистинскиот пристап во преговорите – рече Песков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…
Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…
Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…