Петар Богојески повикан во полициска станица

t

Откако вчера вечер на Фејсбук објави дека ќе ја каже целата вистина за случајот со убиената Вања Ѓорчевска денес претседателот на политичката партија Македонски Концепт, Петар Богојески е повикан во полициска станица.

Целата македонска јавност е во шок откако за Вања Ѓорчевска и Панче Жежов е обвинета истата група од пет луѓе од кои едно лице е во бегство.

Сепак на официјалното соопштение од МВР и ОЈО претходеше објава на Богојески кој изјави дека ја знае целата вистина за Вања и се закани доколку полицијата не ја открие дека тој јавно ќе ја обелодени.

Еве што напиша Богојески вчера:

-КРАЈНО ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВЕСТИ!!!

Македонци, до нашата партија Македонски Концепт пристигнаа крајно вознемирувачки вести за девојчето Вања!!!
Му даваме 30 минути на обиџуко Oliver Spasovski да ја извести јавноста за последните настани за судбината на девојчето!!!

Комуницирано е со МВР и потрпаролот на МВР, одбиваат да ги демантираат информациите кои ги споделивме со нив!
Дополнително бараме информација дали осомничените биле пуштени на слобода од полициска станица и дали се веќе пренесени на Косово?!?

Дали има и други осомничени, кои исто се избегани од рацете на МВР?

#Вања

И денес наместо одговори пресот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски наместо одговори отвори повеќе прашања.

Во друг статус по неговата прва објава Богојески пишува:

– УБИЈЦИТЕ НА ВАЊА ГИ ОСЛОБОДИ ОБИЏУКО!!!!

НЕМА ТРОЈЦА УАПСЕНИ, сите пет ги ослободиле! Еден имаат наводно приведен!

Еве ова сакавме да ви го кажеме денес… еве ова се обидовме да спречиме… ОСЛОБОДУВАЊЕ на убијците!!!
УШТЕ ЌЕ ПЛУКАТЕ ПО МЕНЕ СТОКО ПОКВАРЕНА?!?

Во мое и во име на Македонски Концепт, искажуваме длабоко сочуство за загубата на нашиот ангел, до семејството и до сите искрено загрижени граѓани!

РАЈСКИ ПОРТИ ЗА АНГЕЛЧЕТО

Нејасно е како повикувањето во полициска станица на опозициски полтичари ќе го реши случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Красниќи во Македонија ќе треба да издржи…

МВР соопшти дека денеска полициски службеници од…

Кривични пријави за четири лица, меѓу кои…

Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни…

Мнозинството македонски граѓани сметаат дека членството во…

Мнозинството македонски граѓани сметаат дека членството во…

ВЛЕН: ДУИ да престане со закани кон…

Изјавите на Бујар Османи, Талат Џафери и…

Германско МНР: Сакаме да ја видиме Македонија…

Германското Министерство за надворешни работи на платформата…