Петиција: Улицата Пиринска, на која се наоѓа Руската амбасада во Скопје да се преименува во „улица Украинска“
Граѓаните на С Македонија од вчера имаат можност да се приклучат на петицијата „улица Украинска“ на која се наоѓа Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, во улица Украина, соопшти Амбасадата на Украина.
„Ова би бил симболичен чин на поддршка за украинскиот народ, кој ја брани својата независност во војната што ја започна Русија“, нагласија од Амбасадата на Украина.
Кампањата „улица Украинска“ го повикува целиот свет да ја направи Украина дел од нејзините главни градови и ја смета оваа иницијатива како многу моќен начин за одговор на обидите на Русија и Владимир Путин ефикасно да ја поништат Украина и украинската култура.
„Живеејќи далеку од Украина понекогаш е тешко да се открие начинот на кој може да се пружи поддршка на народот врз кој е извршена инвазија. Сепак, има едно нешто кое може да се направи, а тоа е да се поддржи кампањата за преименување на улицата Пиринска во улица Украинска“, наведено е во петицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
19 годишно момче загина во сообраќајка во…
Попладнево во скопската населба Радишани се случила…
10 години од поплавите во Скопје во…
Скопје денеска одбележува десет години од невремето…
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти…
Слаб земјотрес вечерва во Скопје
Слаб земјотрес со јачина од 2,5 степени…
Тинејџер со пиштол шетал низ Скопје
На 27.07.20226 во 19:50 часот на ул.„Димитар…