Петков: Лично не сум го видел планот на Франција за Македонија
Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека лично не го видел планот на Франција за посредување за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.
Планот на Франција, јас лично не сум видел ништо црно-бело, рече Петков во одговор на прашање на БНР.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков додаде дека Бугарија отсекогаш била отворена и подготвена да разговара со сите европски партнери доколку имаат значајни предлози, но тие мора да бидат во рамковната позиција на Бугарија. Што и да се направи, според Петков, мора да се потврди преку рамковниот став на Бугарија, а да помине и низ бугарскиот Парламент.
Кирил Петков оваа изјава ја даде на врвот Околчица каде што денеска Бугарија го одбележува Денот на Ботев, со сенародно поклонение и помен на поетот – револуционер Христо Ботев, кој загина пред 146 години. Заедно со премиерот Петков беше и лидерот на бугарските социјалисти и вицепремиер Корнелија Нинова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дрон влегол во бугарскиот воздушен простор и…
Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија…
Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа договор за…
Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа трилатерален технички…
Грција и Бугаријa против „Мајка Македонија“ во…
Иницијативата за подигнување споменик „Мајка Македонија“ во…
Македонија доби 149 милиони евра грант за…
Со денешното потпишување на договорот за инвестициски…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…