Објавено на:

Петков ќе донира една негова плата во Украина за со тие пари да се купи оружје – Ги повика Бугарите да го следат неговиот пример

t

Бугарскиот премиер Кирил Петков во објава на Фејсбук напиша дека започнува јавна кампања за собирање средства што ќе ѝ бидат доставени на украинската Влада за купување оружје.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, испраќањето воена помош за Украина бара политичко, но и општествено единство. За таа цел тој ќе донира една од своите плати како премиер на Бугарија.

Во јавниот простор во земјата има многу екстремни мислења на оваа тема, вели Петков.

Во среда, премиерот и делегација предводена од бугарската владејачка коалиција ќе го посетат Киев. Според него, додека не се постигне политички консензус на темата, граѓаните на Бугарија, кои веруваат дека никој во Европа нема право да ги напаѓа соседите и да убива цивили, можат слободно да изберат финансиски да и помогнат на Украина за набавка на муниција. Петков најави јавна кампања за собирање средства што ќе ѝ се предадат на украинската влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Русија нема да застане: Ова е…

Русија нема да застане во Украина, сите…

Србија најави најголема изложба на оружје и…

Минисерството за одбрана на Србија ќе организира…

Ништо од мирот: Украински командант најави нова…

Командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски…

Браво ќе ни кажат: Македонија е четврта…

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар…

Ќе ви се слоши: Светска банка пресмета…

Цената на обновата на Украина од руската…