Петмина повредени во тешка сообраќајка на патот Охрид-Ресен

t

На 19.09.2026 во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.Р.(67) од Велика Британија и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(28) од битолското село Буково.

-Притоа, со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, се здобиле Д.С. и И.З., сопатници во возилото „опел“ додека кај М.Ј.Р (возач на возилото „сузуки витара)“ и А.С. и А.С., сопатнички во возилото „опел“, во Општата болница во Охрид, биле констатирани телесни повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По насоки на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петмина повредени во тешка сообраќајка на патот…

На 19.09.2026 во 17:30 часот, на магистралниот…

Хаос во ресторан во Штип: се скарал…

Полициски службеници од Полициската станица Штипвчера во…

Патник приведен пред лет од Скопје –…

Седум парчиња муниција биле пронајдени во рачниот…

Маж од Виница натепан во сопствениот двор

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе…

Пронајден и приведен бегалец од затворот „Идризово“

Денеска (18.09.2026) во 09:15 часот, полициски службеници…