Петре Шилегов е испаничен и исплашен затоа што го „роварат“ за неговото работење па сега фрла прашина во очи – денар немам земено од град Скопје

t

Пари за озвучувањето на дочекот за Новата година уште немам земено. Не 14.000 евра, немам земено денар – вели Петар Ѓорѓиевски-Камиказа во изјава за Инфомакс, демантирајќи ги соопштенијата на СДСМ за наводна наплата од градот Скопје за опремата со која се озвучуваше Новогодишната прослава на плоштадот „Македонија“.

Според Ѓорѓиевски, се работи за обична манипулација со која СДСМ се обидува да го прикрие криминалот на Петре Шилегов во градот.

– Знаете за што се работи, во градот Скопје во овој момент има низа на инспекции и ревизии и се „ровари“ работењето на Петре. Тоа му создава паника и страв, и сега на овој начин се обидуваат да фрлат прашина во очи. Нема врска приказната, вели Камиказа за Инфомакс.

Во врска со надоместокот тој вели дека не знае зошто се кренала толкава прашина, и зошто, портпаролите на СДСМ не прашуваа кога Шилегов трошеше милионски суми за организрање на Новогодишната прослава.

– Шилегов фрли милиони. Еве на пример, за настапот на Дино Мерлин плати 100.000 евра, за организација на настанот на Дирекција за култура уште 160.000 евра, и уште 165.000 евра за озвучување на истиот настан, осветлување 265.000 и Винтерленд 150.000 евра. И сега, СДСМ прашува зошто јас сум наплатил 14.000 евра. Зошто тогаш не го прашаа Шилегов? – прашува Петар Ѓорѓиевски.

Парите, тврди Камиказа, за озвучувањето на овогодинешниот настан ќе ги платат две општествено одговорни фирми, и тоа едната се согласила да плати 10.000 евра, а друга 4.000 евра.

– Каков град Скопје, во градот Петре нема оставено денар. Од каде ќе ми платат тие, кога немаат со што. Трошоците ги превземаа неколку општествено одговорни фирми. Едната треба да плати 10.000 евра, а другата уште 4.000 евра. Уште не се платени фактурите, кога ќе бидат платени ќе ги објавам кај мене на Фејсбук.

СДСМ вчера обвини дека градот Скопје треба да исплати 14.000 евра за озвучувањето на дочекот на Новогодишната вечер на плоштадот „Македонија“. Веднаш реагираа од градот отфрлајќи ги ваквите информации за неточни и манипулаторски.

Информациите ги отфрли и самиот Петар Ѓорѓиевски-Камиказа.

Антикорупциска, бара кривична пријава за ланската новогодишна прослава на плоштадот Македонија, на која свој настап имаше пејачот Дино Мерлин.

Според наодите на ДКСК прекршен бил Законот за јавни набавки, а Младинскиот културен центар постапил спротивно на законот без да спроведе постапка за јавна набавка, туку бил распишан јавен оглас за организација на прославата за Нова година.

Новогодишната прослава во Скопје ги чинела граѓаните околу 240 илјади евра, од кои околу 154 илјади евра се исплатени директно од градскиот буџет.

По своите наоди Антикорупциска ќе достави кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и ќе бара да се отвори постапка за одговорност од Градот Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претреси во Скопје, пронајден амфетамин

Денеска (26.12.2024) во 10.15 часот од страна…

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Од вечер повеќе од половина од Скопје…

Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…