Петрушевски: Карактеристика на владата на СДСМ е менување на политики од час во час, тоа покажува дека немаат стратегија, а Ковачевски нема став
Менувањето на политики од час во час е само доказ дека владата работи без анализа, стратегија, консултации со засегнати страни. Прават се колку да помине денот и колку да кажат дека нешто сработиле и откако ќе направат штета ајде сега да ја санираме и тоа е карактеристика на оваа влада на СДСМ и ДУИ, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на телевизија Алфа.
Петрушевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори бидејќи го чувствува притисокот од страна на граѓаните додавајќи дека локалните избори покажале дека јавноста не се согласува со политиките на владата на СДСМ.
Тој притисок кој што го чувствуваме во јавноста кој што и на последните локални избори народот излезе и кажа дека не се согласува со политиките на оваа влада, затоа што на непосредни избори луѓето аминуваат политики или тие политики ги отфрлаат. Народот ги отфрли политиките на Зоран Заев на локалните избори и затоа тој притисок на јавноста како опозиција сме должни да го артикулираме, додаде тој.
Според него легитимитетот за да се управува со државата го дава народот на избори, укажувајќи дека до сега ниту Ковачевски, ниту пак дел од министрите не биле на избори.
Легитимитет за да управуваш со државата добиваш на избори. Ковачевски и најголем дел од министрите не биле на избори. Впрочем тројцата носители кои што беа на последните избори од СДСМ сега имаат спротивни ставови од политиките на СДСМ. Апсолутно тие своите политики ги немаат верифицирано или проверено на непосредни предвремени или редовни парламентарни избори, додаде тој.
Добивме премиер кој што никогаш никој од граѓаните не го слушнал кој е неговиот став за одредено прашање, дециден е Петрушевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…
СДСМ се огласи по повод изјавата на…
Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…
ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…
Калајџиев: Политиката е таа што го корумпира…
Професорот Гордан Калајџиев говорејќи за реформите во…
СДСМ бара Таравари да поднесе оставка
Социлајдемократскиот сојуз бара од министерот за здравство…
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во…
„Зголемените трошоци за живот се претворија во…