ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со приказна “допрва ќе работиме
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со приказна “допрва ќе работиме” – соопштија денеска од СДСМ како реакција на говорот на Христијан Мицкоски на прославата на роденденот на партијата.
– Единствено што може да каже ВМРО-ДПМНЕ од прославата на нивниот роденден од археолошкиот локалитет „Хераклеја“ во Битола е да промовираат нов концепт на презентација на лагите.
По четири години локална власт и цела година централна власт, се што може ВМРО-ДПМНЕ е да каже е содржано во нивниот нов слоган „Најдоброто допрва доаѓа“.
Прашањето е, што чекаа до сега?
Дали досега крадеа и ги полнеа своите џебови, а сега пак нудат нова лага за наводни проекти кои „Допрва ќе дојдат“?
По четири години апсолутна власт во локалната самоуправа, ВМРО-ДПМНЕ нема проект со кој. може да се пофали. Дури и археолошкиот локалитет „Хераклеја“ во Битола е целосно запустен, оставен на забот на времето. Освен она што СДСМ го направи нема ништо направено, ниту во однос на патот до „Хераклеја“, со години не е исчистено околу објектот, се распаѓаат содржините кој треба да се магнет за туристите.
ВМРО-ДПМНЕ е само група на манипулатори на кои секоја незавршена работа ја оправдуваат со тоа „допрва доаѓа доброто“, иако ништо не ги спречило да направат добро да биде и сега, велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…
Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…
ВМРО-ДПМНЕ за 23 Октомври: Македонија е наследство…
ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 23 Октомври…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…