Пет години по избувнувањето на епидемијата: Смртноста од ковид-19 е во драстичен пад
Додека четвртина од хоспитализираните со вирусот починаа во јуни 2021 година, бројката сега е намалена на еден од 25, вели СЗО, пренесува дпа.
Пандемијата го достигна својот врв во 2020, 2021 и 2022 година. Оваа година, од средината на октомври до средината на ноември, 77 земји пријавија случаи.
Според СЗО, долгиот ковид е сè уште голем проблем.
Сегашните бројки покажуваат дека болеста се јавува кај шест проценти од сите случаи на инфекција со тој вирус.
Вакцинацијата обезбедува ефикасна заштита во намалувањето на веројатноста за долгорочни последици, велат од организацијата. Вирусот продолжува да циркулира, повремено предизвикувајќи тешка болест.
Значително намалување на тестирањето за СЗО значи помала способност за следење на ширењето, тежината и потенцијалните промени на вирусот ефикасно како порано.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кога имате ситуација директор на АНБ фалсификатор,…
Лојалност– награда – глупост Можеби ви изгледа…
Иранска опозиционерка: Време е Хамнеи да си…
Марјам Раџави, претседателка на опозицискиот Национален совет…
Стармер: Иран да се врати на преговарачка…
Британскиот премиер Кир Стармер го повикува Иран…
Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во…
Од македонската амбасада во Израел информираат дека…
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…