Пет земји од ЕУ преговараат за центри за депортација на мигранти во држави надвор од Унијата

t

Германија, Австрија, Данска, Холандија и Грција денеска во Копенхаген ќе разговараат за можноста за воспоставување центри за враќање на мигранти во земји надвор од Европската унија, соопшти портпаролка на германското Министерство за внатрешни работи, цитирана од ДПА.

Петте земји сакаат да воспостават такви центри за мигранти кои треба да бидат депортирани од Европската унија, за што веќе започнале првични разговори со потенцијални партнерски земји.

Поради доверливоста неопходна за градење доверба во преговорите, имињата на потенцијалните партнерски земји засега нема да бидат објавени, додаде портпаролката.

Домаќин на денешниот состанок е данскиот министер за имиграција и интеграција, Мортен Бодсков. Според данската Влада, целта е да се утврдат конкретни чекори кон постигнување договор со една од партнерските земји.

Европската комисија на состанокот ќе учествува во својство на набљудувач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…

Италија и Шпанија денеска се согласија да…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со пониска инфлација од просекот на…

Годишната инфлација во Европската Унија во септември…

ЕУ бара Канада и Велика Британија да…

Европската Унија се подготвува да ги убеди…