Пет лица се приведени: Полицијата се сомнева дека се поврзани со исчезнувањето на 14 – годишната Вања!

t

Пет лица се приведени во врска со случајот за исчезнувањето на девојчето Вања, информира денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања дали има напредок во истрагата за девојчето.

-Синоќа до доцните часови се работеше интензивно. Морам да кажам дека имаме приведено пет лица и обезбедено едно возило, со што се продолжува понатаму со активностите. Тоа е нешто плус што го презедовме во однос на сето она како доказ, како трага што го обезбедуваме, се со цел да дојдеме до расчистување на овој случај, рече министерот.

Истакна дека низа криминалистички истражни мерки се презедоа во изминатиот период се со цел да се утврдат сите овие факти.

-Тие факти коишто ги утврдуваме преку овие истражни мерки ќе ги соопштиме во јавноста во момент кога треба да бидат соопштени, заради тоа што предвременото соопштување ни прави проблеми, истакна Спасовски и додаде дека вчера рекол дека не е точно дека на Вања и се губи траг кај „Силбо“, односно кај „Броз кафе“, со цел да не се шират повеќе шпекулации.

Спасовски потенцираше дека сите податоци кои ги утврдуваат ќе ги соопштат во даден момент, бидејќи, како што кажа, за истрагата е многу релевантно кога и како ќе соопштат во јавноста.

Веќе шест дена се трага по Вања Ѓорчевска која исчезна во понеделникот во период по 7.20 часот, на пат кон училиштето Песталоци во близина на Дебар Маало. Последен пат била забележана на булеварот Партизански одреди пред „Броз кафе“, од каде што ѝ се губи трагата. Во изминатиот период, на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за ичезнатото девојче од страна на Интерпол. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…