Пијан мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа
На 22.08.2026 во 16:30 часот во СВР Штип е пријавено дека во 11:40 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Т.З.(52) и патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 48-годишната А.Д., двајцата од Штип.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип, кај кого било констатирано дека го возел мотоциклот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,68 промили во крвта, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…