Платите на функционерите ќе се зголемат до 200 евра, законските измени нема да ги намалат, а ќе им остане и ланското зголемување од 78%

t

Платите на избраните и именувани функционери нема да се намалат, ниту ќе останат исти, туку ќе се зголемат до 200 евра и покрај предлогот на СДСМ за измени на шест закони што денеска ќе се најдат во Собранието на усвојување.

По скратена поспатка ќе се менуваат законите за плата на избрани и именувани функционери, за пратениците, за платите на обвинителите, за платите на судиите, за платите на членовите на Судски совет и Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители. Промената е во тоа што минимално ќе се намалат коефициентите со кои се множи основицата за пресметка на платата. Основицата е просечната плата во претходната година, која за 2022 година изнесуваше 29.147 денари нето. Просечната плата за 2023 година изнесува 36.614 нето, односно 43.509 денари бруто. Следната година основицата исто така ќе биде зголемена, а со тоа и платите на функционерите.

Според предложените измени, наголемиот коефициент 4,5, според кој се пресметува платата на претседателот, премиерот и спикерот ќе се намали на 3,92. Според нашата пресметка, досега за овие три функции платата изнесуваше 131.161 денар без пресметан минат труд, односно години на стаж, а отсега ќе изнесува 143.526 денари, што значи дека платата на претседателот Стево Пендаровски, премиерот Талат Џафери и спикерот Јован Митрески ќе биде зголемена за околу 12.500 денари, односно 200 евра! Коефициентот за пратениците беше 3,5, а отсега е 3,04, па пратениците наместо 102.000 денари како досега (без пресметан стаж) ќе месечни примања од 111.000 денари, односно за 9.000 денари повеќе (150 евра).

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…

Обвинителството ја проверува и отфрлената претставка за…

Меѓу списите кои ги проверува обвинителството во…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…