Објавено на:

Платнените и хируршки маски веќе не пomaгаат? – ЦДЦ најверојатно ќе ги промени препораките, само N95 и KN95 пoмaгaaт пpoтив омикpoн

t

Центарот за контрола и превенција на заразни болести размислуваат да ги ажурираат упатствата за маски и да им препорачаат на луѓето да се одлучат за високо заштитните маски N95 или KN95 што ги носи здравствениот персонал, доколку можат постојано да го прават тоа, вели официјален претставник на центарот за Вашингтон Пост.

Бидејќи високо преносливата варијанта на омикрон поттикнува рекордни нивоа на инфекции и хоспитализации, експертите постојано ја повикаа администрацијата на Бајден да препорача поквалитетни маски наместо платнени покривки за заштита од вирусот кој се пренесува во воздухот и да ја нагласи важноста за носење маски.

„Агенцијата во моментов активно бара да ги ажурира своите препораки за KN95 и N95 по појавата на омикрон“, рече официјалниот претставник. „Знаеме дека овие маски обезбедуваат подобра филтрација“.

Кога ЦДЦ го издаде своето првично упатство за маски во 2020 година, здравствените службеници не повикаа на употреба на позаштитни маски за лице поради загриженост дека здравствените работници можеби нема да можат да ги добијат. Но, здравствените власти рекоа дека веќе нема сериозен недостиг на маски N95.

Се очекува ажурираното упатство да каже дека најдобрата маска е онаа што се носи постојано и правилно. Маските N95, кои доминантно се користеа во здравствените и индустриските услови пред пандемијата, треба да бидат индивидуално поставени и понекогаш тешко се носат цел ден, велат лекарите и здравствен персонал. Се очекува упатството за ЦДЦ да каже дека ако луѓето можат „да толерираат носење маска KN95 или N95 цел ден, треба да го прават тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ултиматум на Бајден до Нетанјаху: Сменете ја…

Американскиот претседател Џо Бајден во текот на…

(Видео) Марџори Тејлор Грин: САД го туркаат…

Спонзорирајќи ја Украина и водејќи прокси-војна против…

Јакимовски: Ни на Америка, ни на свети…

Граѓаните можеа да нѐ тестираат, како претседателски…

САД: Не поддржуваме украински напади на руска…

Американската администрација не поддржува напади на вооружените…

Блинкен бара брза и непристрасна истрага за…

Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, кој…