Пленковиќ ѝ постави услов на Црна Гора: „Без тоа нема во ЕУ“

t

Црна Гора нема да ги затвори преговорите во Поглавје 31 – Надворешна, безбедносна и одбранбена политика сè додека не се реши прашањето за демаркација на земјиштето и секое доведување во прашање на копнените граници ќе биде протолкувано од Хрватска како територијални претензии на Црна Гора кон неа, изјави премиерот Андреј Пленковиќ, пренесува Индекс.

„Можам слободно да кажам – Поглавје 31 нема да биде затворено сè додека не се реши прашањето за демаркација на земјиштето. Јасна порака, не може да биде појасно, а воедно и пријателско. Хрватска ќе го протолкува секое доведување во прашање на копнената граница како територијални претензии на Црна Гора кон Хрватска. Зборувам експлицитно, мислам на Превлака“, рече Пленковиќ по пристигнувањето на вонредниот самит на лидерите на ЕУ.

„Арбитражата не доаѓа предвид“

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ вчера во Брисел изјави дека инсистирањето на Хрватска да го реши граничното прашање со Црна Гора додека земјата преговара за влез во ЕУ „изгледа како уцена“. Тој најави дека Подгорица наскоро ќе испрати до Загреб предлог за целосно решение на копнените граници и на море, а доколку Хрватска не го прифати, останува меѓународен суд или арбитража.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пленковиќ ѝ постави услов на Црна Гора:…

Црна Гора нема да ги затвори преговорите…

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Милатовиќ бара од Брисел билатералните спорови со…

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, упатил…

Кос за МИА: Билатералните прашања не треба…

Не треба да се мешаат билатералните прашања…